Вчера (12.05.) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Прилеп, со Територијалната противпожарна единица Прилеп, како и со екипа на Итна медицинска помош Прилеп и ученици од средното училиште „Ѓорче Петров “ во Прилеп, во централното градско подрачје во Прилеп, за учениците од ова училиште и за граѓаните спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Вежбата беше спроведена со цел учениците и граѓаните да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, при сообраќајна несреќа, поплава, како и совладување на паниката за безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.