Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (13.05.) во Куманово во соработка со Црвениот крст на Куманово спроведоа показни вежби за укажување прва помош.
Екипите составени од обучени волонтери на Црвениот крст Куманово демонстрираа укажување прва помош при сообраќајни или други видови несреќи, потоа помош за лица во бессознание, особено при топлотен удар, односно енормно високи температури. Показните вежби имаа за цел не само да ги потсетат граѓаните на стекнатите знаење при полагање на првата помош, туку и да ги едуцираат практично за брзо реагирање во различни ризични ситуации.