Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и со полициски службеници од ПСОН Карпош денеска (12.05.) спроведоа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот под мотото „Сите сме пешаци“.
Едукативно-превентивните активности беа спроведени на подрачјето на ПСОН Карпош, односно на локации на булеварот „Партизански одреди“, каде што во непосредна комуникација со граѓаните беше укажано дека е неопходно стриктното почитување на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното и совесно однесување на сите учесници во сообраќајот. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.
Денеска, исто така, од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје беше одржано едукативно предавање за средношколците-матуранти од СУГС „8-ми Септември на подрачјето на општината Гази Баба, а во насока на обезбедување мирни матурски прослави во рамки на кои што матурантите ќе се чувствуваат сигурно и безбедно.