11 мај 2025

Едукативна кампања на СВР Скопје за превенција од пожари

На 10.05.2025 полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“, на територија на општина Гази Баба во Скопје, спроведоа превентивно едукативна кампања под мотото „Лето без пожари“. Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активностите беше посочено на ризиците и последиците што можат да настанат од палење на стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свесноста и информирање за законската регулатива, како и санкциите за предизвикување пожар.