Вести

09 мај 2025

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип

 

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска ги посети полициските станици во Свети Николе, Кочани и Виница и оствари работна средба со раководните лица во овие полициски станици. На средбите се разговараше за мерките и активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и за тековните случување на подрачјето што го покриваат овие полициски станици.

Директорот Јанев повторно ја упати јасно пораката до полициските службеници дека ние сме овде да служиме, а не да владееме и дека секој поединец кој е дел од полицијата мора да чувствува морална одговорност и интегритет при извршување на функцијата.