09 мај 2025

Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, превентивна активност на СВР Скопје

 

Денеска (09.05.2025) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје спроведоа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ на подрачјето на ПСОН Бит Пазар.
Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваа да не оставаат вредни предмети во паркираните автомобили, со цел да се превенираат можностите од тешки кражби од патнички моторни возила.
Исто така, на граѓаните им беше укажувано за начините за превенција во тесна соработка со полицијата, а воедно им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини.