09 мај 2025

Превентивни активности на СВР Велес за побезбеден сообраќај

 

Денеска (09.05.) од страна на Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, беа реализирани сообраќајни едукативно-превентивни  активности под мото „Вози одговорно-животот е во твои раце“ и „Носи кацига, вози безбедно“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура. Исто така, на возачите на мопеди и мотоцикли уште еднаш им беше потенцирана обврската за носење заштитен шлем, како за нив така и за сопатниците.
Во рамки на активноста, беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.