Вчера (08.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и од Полициската станица Гостивар во Општинското средно медицинско училиште во Гостивар и во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, одржаа превентивно едукативно предавање во склоп на кампањата „Безбедни матурски и полуматурски прослави“ за матурантите и полуматурантите од овие училишта.
Притоа, на учениците, преку видео презентација изготвена во соработка со РСБСП и преку интерактивна комуникација, им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурската и полуматурската вечер, зачувувањето на нивната безбедност, почитување на јавниот ред и мир, како и за избегнување од користење на алкохол, наркотични супстанци, како и пиротехнички средства, односно на сите оние ризици што може да предизвикаат насилство, вербални и физички пресметки и слично.
Исто така, на учениците им беше нагласено дека е неопходно да се воздржат од управување на моторни возила или моторцикли под дејство на алкохол или да управуваат возила без возачки дозволи. Учениците беа информирани и за правните последици и законските импликации доколку не бидат почитувани законските правила и прописи.