08 мај 2025

„Сите сме пешаци“ – превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од Полициската станица Карпош, денеска (08.05.) спроведоа сообраќајна превентивна активност наменета за пешаците, под мотото „Сите сме пешаци“. 

Превентивно едукативните активности се спроведоа на бул „Илинден“ кај Зоолошка градина, како една од пофрекфетните сообраќајни и пешачки зони во овој дел од градот. Притоа, полициските службеници во разговори со пешаците, но и со возачите ги нагласуваа важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, одговорноста и сообраќајната култура како нужни фактори во безбедно одвивање на сообраќајот за сите негови учесници, вклучително и пешаците. Воедно, полициските службеници делеа и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП во насока на зголемување на личната и општата безбедност во сообраќајот.