08 мај 2025

Превентивна активност на СВР Куманово за безбеден сообраќај.

Денеска (08.05.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, реализираа едукативна акција со децата од предучилишна возраст  од кумановската градинка „Синоличка“.  

Притоа, на децата практично им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи за деца-пешаци, односно како безбедно да се поминува преку улица, како функционираат семафорите, што значи пешачкиот премин, и како правилно треба да се движи по тротоарот. Исто така, децата беа поучени и за улогата и работните задачи на полицаецот-сообраќаец. Воедно, децата заедно со полициските службеници симболично вршеа контрола на возилата, а исклучиво во насока да им укажат на возачите да внимаваат на децата-пешаци, да возат со дозволена брзина, да користат сигурносен појас, и да не паркираат по тротоарите, детските игралишта или зелените површини загрозувајќи ги децата-пешаци. Исто така беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.