07 мај 2025

По повод 7 Мај СВР Битола ги отвори вратите за посета на граѓаните

СВР Битола и оваа година, традиционално, заедно со граѓаните го одбележа Денот на македонската полиција – 7 Мај. По тој повод, денеска полициски службеници од СВР Битола положуваа свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите во СВР Битола и на споменикот „Анѓел“ пред Градскиот часовник.

Исто така, вратите на СВР Битола, Одделенијата за внатрешни работи и полициските станици беа отворени за сите граѓани за посета, а посебно за најмладите - децата од градинките и училиштата, како од Битола, така и од останатите општини. Со прикажување на опремата и возилата најмладите денеска се запознаа и со улогата на „чичко“ полицаец.