07 мај 2025

Превентивни активности на СВР Куманово

Денеска (07.05), Отсек за превенција при СВР Куманово организираше превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот. Полициски службеници заедно со ученици, членови на училишниот сообраќаен тим при основното општинско училиште „Вук Караџиќ“ во централното градско подрачје на Куманово им укажуваа на возачите за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи - да се паркираат совесно и одговорно, да се ослободат тротоарите за пешаците и да се почитуваат сообраќајните правила за безбедност на возачите, пешаците и другите учесници во сообраќајот. На граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, а воедно оваа активност беше искористена и за делење летоци од областа на заштита на шумите од пожари изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.