Денеска, по повод 7 Мај - денот на македонската полиција , Секторот за внатрешни работи Велес спроведе акција за пошумување на површините околу езерото Младост како една од најпосетените туристичко-рекреативни локации во близината Велес.
Главната цел за спроведување на акцијата е да се манифестира потребата од грижа за животната средина, а притоа и да се мотивираат граѓаните заедно со полицијата да дејствуваат во насока кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и идните генерации. За таа цел, во соработка со Шумско стопанство „Бабуна“ беа поделени садници и беа засадени на претходно определени места.
Полициските службеници, како сигурен и кредибилен заштитник и партнер на граѓаните, остануваат посветени не само во остварување на своите законски надлежности туку и во продлабочување на соработката со граѓаните, со граѓанските организации, со локалните и други институции во различни сфери од секојдневието.