07 мај 2025

Превентивни активности во Свети Николе и Берово

Денеска (07.05.) полициски службеници од Полициската станица Свети Николе и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе, во соработка со РСБСП, во СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе одржаа едукативно предавање за учениците од четврта година на тема „Среќни и безбедни матурски вечери“ и „На матурска вечер без автомобил“ .

Едукативните предавања беа фокусирани на областа од сообраќајот, но и заштитата на јавниот ред и мир, а матурантите беа запознаени со сообраќајните правила и прописи, пред се од аспект на законските ограничувања на возачи почетници, потоа за потребата од нивно почитување за време и по одржување на матурските прослави .
Главната цел беше да се влијае врз подигање на степенот на сообраќајната култура кај младите како учесници во сообраќајот, како и да се влијае врз градењето на примерно поведение особено во период на траење на прославите, а се со цел поголема безбедност, како на учениците така и на останатите учесници во сообраќајот и доследно почитување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Исто така, денеска, полициски службеници од ОВР Берово пред објектот на Полициската станица во Берово го реализираа настанот насловен како – „Отворен ден со полицијата“, на кој што гости беа децата од градинката „23 Август“ во Берово. На децата им беа презентирани полициската работа и дел од опремата, како и специјалните возила кои се користат во секојдневното постапување. Активностите имаа едукативен карактер, но беа насочени и кон градење на доверба по однос на секојдневното функционирање на полицијата.