Вчера (06.05.), полициски службеници од Отсек за превенција и од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, во општинското средно училиште „Ѓоце Стојчески“ во Тетово одржаа превентивно едукативно предавање во врска со кампањата „Безбедни матурски прослави“ за матурантите од ова средно училиште.
Притоа, на учениците, преку видео презентација изготвена од РСБСП и преку интерактивна комуникација, им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурската вечер, зачувувањето на нивната безбедност, јавниот ред и мир, избегнување од користење на алкохол, наркотични супстанци, како и пиротехнички средства и избегнување на сите ризици што може да предизвикаат насилство, вербални и физички пресметки и слично. Исто така, им беше нагласено да се воздржат од управување на моторни возила под дејство на алкохол или да управуваат возила без возачки дозволи.
Учениците беа информирани и за правните последици и законските импликации доколку не бидат почитувани законските правила и прописи.