06 мај 2025

„Безбедни матурски прослави“ – превентивна активност на СВР Тетово

 

Денеска (06.05.) полициски службеници од Отсек за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при СВР Тетово, во општинското средно училиште - гимназија ,,7 Март“ во Тетово одржаа превентивно едукативно предавање со матурантите во врска со кампањата „Безбедни матурски прослави“.
Преку видео презентација, изготвена од РСБСП, и преку интерактивна комуникација им беше потенцирана потребата за безбедно прославување на матурската вечер, пред се заради нивна безбедност, зачувување на јавниот ред и мир, и избегнување од користење на алкохол, наркотични супстанци, како и пиротехнички средства. Односно, избегнување на сите девијатни поведенија што предизвикуваат насилство, вербални и физички пресметки, се со цел матурските прослави да ги поминат во безбедна и мирна атмосфера. Исто така, учениците беа поучени да се воздржат од управување со моторни возила под дејство на алкохол или управување без возачки дозволи.
Учениците беа информирани и за правните последици, односно законските импликации доколку не бидат почитувани законските правила и прописи.