Денеска (06.05.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање на тема „Безбедни матурски прослави“ со учениците од четврта година од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.
Преку наменски подготвена презентација, изработена во соработка помеѓу МВР, Факултетот за безбедност и РСБСП, на матурантите им беше укажано за нивната должност да придонесат за безбедно прославување на матурските вечери, за зачувување на безбедноста, јавниот ред и мир, потоа за избегнување на користење на алкохол и психотропни супстанци. Им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, односно доколку консумираат алкохол да не седнуваат зад волан.
Вакви активности беа реализирани и во текот на вчерашниот ден со ученици од четврта година во СОУ „Димитар Влахов“ и ДСУ РЦ СОО „Никола Карев“ во Струмица.