06 мај 2025

Превентивни активности во Берово и Делчево

 

Денеска (06.05.), полициски службеници на ОВР Берово реализираа едукативни активности во рамки на превентивната кампања – „Безбедна матурска вечер“. Во централното градско подрачје на Берово, полициските службеници заедно со претставници на средношколците матуранти, во насока на подигање на свеста кај матурантите укажуваа на сите безбедносно важни аспекти за одржување мирни и одговорни матурски прослави, односно за сите можни ризици поврзани од злоупотреба на алкохол, дрога, нарушување на јавниот ред и мир, па се до управување на возила под дејство на алкохол. Воедно, на учениците им беа поделени и информативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП. Оваа кампања претставува важен чекор кон создавање безбедна и позитивна атмосфера за младите луѓе во еден од најзначајните моменти во нивниот живот – матурската вечер!
Исто така, денеска и полициски службеници од ОВР Делчево спроведоа превентивна активност, но овој пат од областа на безбедноста во сообраќајот, а под мотото „Сите сме пешаци“. Активноста, која што, покрај превентивниот имаше и едукативен карактер, беше спроведена во централното градско подрачје во Делчево. До учесниците во сообраќајот, возачите и пешаците, беа упатени апели и препораки за почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на личната, но и на општата безбедност во сообраќајот. И во рамки на оваа активност беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.