05 мај 2025

Превентивни активности на СВР Штип за побезбеден сообраќај и превенција од пожари и бесправна сеча

Денеска (05.05.) од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, на подрачјето на ОВР Пробиштип, беше спроведена превентивна активност со месното население, под мотото „Незаконско сечење на дрва е криминал“, а во насока на укажување до граѓаните за потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, тематски беше реализирана и превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ при што на граѓаните и возачите им се укажуваше да не фрлаат догорчиња од цигари, стаклени предмети или друг запалив отпад, бидејќи на тој начин освен што се загадува природата, се предизвикуваат и пожари, со што се нанесуваат трајни последици на шумскиот фонд. За време на превентивната активност, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.
Покрај ова, денеска полициски службеници за безбедност на патниот сообраќај и превенција одржаа предавање на петооделенците од основното општинско училиште „Никола Карев“ во Кочани, а на тема „Безбедни во сообраќајот“. Покрај едукативното предавање, учениците имаа можност и практично да се запознаат со работењето на полициските службеници во делот на сообраќајот, односно регулацијата и контролата на сообраќајот на раскрсница.