04 мај 2025

Превентивна активност на СВР Куманово

 

Вчера (03.05.) Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ реализираа превентивни активности од областа на заштита од шумски пожари во Козјачкиот регион. Притоа беа посетени населените места Старо Нагоричане, Драгоманце, Алгунја, Челопек, како и излетничко-туристичките места Кокино, Стрновачка бања, потоа Меморијалниот центар АСНОМ, при што во непосредна комуникација со месното население и посетителите полициските службеници укажуваа на важноста од одговорно и внимателно однесување како кон шумскиот фонд така и кон можните опасности од опожарување и предизвикување шумски пожари.

Исто така и во реонот на Граничниот премин Пелинце беше апелирано до возачите и патниците за одговорно однесување, за придржување кон сообраќајните правила и прописи, и особено за внимателност односно нефрлање по патот на разни запаливи предмети, догорчиња, отпушоци и слично. Инаку на граѓаните во рамки на активностите им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини од областа на превенција од пожари изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“