15 април 2025

„Сите сме пешаци“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (15.04.), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност под мотото – „Сите сме пешаци“. 

Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на ПСОН Бит Пазар односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Во насока на потсетување на сите учесници во сообраќајот околу важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, полициските службеници им укажуваа како на пешаците така и на возачите дека општата безбедност зависи од степенот на лична одговорност и од нивото на сообраќајна култура. Исто така, на граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.