15 април 2025

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (15.04.) во основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево, од страна на   полициски службеници од ОВР Берово, со учениците од осмо и деветто одделение, беше реализирна едукативно работилница на тема – „Превенција од врсничко и сајбер насилство“. 

Во рамки на работилницата учениците беа запознаени со феноменот на булингот како социо-патолошка појава, со формите и начините на манифестирање, како и за последиците што можат да настанат од ова девијатно однесување. Истовремено, се говореше и за начините како да се препознае и како да се превенира вербалното, физичкото и сајбер малтретирање, односно таканаречениот  “булинг“.
Исто така, денеска и полициски службеници од ПО за БПС Кочани спроведоа превентивна активност „Паркирај совесно“. Притоа, на возачите, во непосредна комуникација, им беше укажувано дека паркирањето на возилата на јавни површини, а посебно на тротоари, на крстосници со кружен тек и слично не само што е непочитување на законските норми туку претставува сериозно загрозување на безбедноста во сообраќајот. На возачите им беа делени летоци изработени во соработка со РСБСП со информативни содржини во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи.