Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ продолжувајќи со превентивните активности, после граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“, денеска (15.04.) реализираа превентивна активност и на граничниот премин „Меџитлија“.
Притоа, на темата околу прекуграничниот криминал и илегалната миграција, полициските службеници во непосреден контакт со патниците укажуваа за кривичните и други аспекти од овие појави. Дополнително, за таа цел изработени се летоци на повеке јазици и истите им беа делени на патниците кои влегуваа во РСМ, се со цел на проактивен начин да се информира и превенира појавата на криумчарење мигранти и другите видови прекуграничен криминал.