Вчера (13.04) на повеќе локации на подрачјата во надлежност на Полициските станици за граничен надзор Сопот и Рогачево, од страна на полициски службеници беа реализирани превентивни активности посветени на заштита на шумите од пожари, како и од бесправна сеча. Притоа, во комуникација со месното население, главен акцент беше ставен на детектирање на критичните точки на овие видови на појави, превентивните мерки кои е потребно да се преземат и укажувањето за несаканите последици од настанувањето на овие појави.
Воедно, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали со информативни содржини, изработени во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“.