Вчера (12.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ спроведоа превентивна едукативна кампања под мотото – „Лето без пожари“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општина Сопиште.
Во насока на постојано зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, во рамки на активноста, меѓу другото, во непосредна комуникација со локалното население, беше посочено на опасностите од зачестени појави на палење на шумите при правење на скара, при фрлање на отпушоци и други лесно запаливи материјали, и воопшто за опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Притоа, на минувачите им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на со едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.