13 април 2025
Полицијата го пронајде девојчето кое денеска се оддалечило од дома
Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од с. Кадино, скопско за кое денеска (13.04.2025) едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом. Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во с. Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник.