12 април 2025

Превентивни активности на регионалниот центар за гранични работи Југ

Денеска (12.04.) полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Југ на граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“ реализираа превентивни активности од областа на прекуграничниот криминал и илегалната миграција.

Во насока на информирање на граѓаните при влез во државата, со акцент на превентивно укажување на патниците, од страна на полициските службеници беа делени пособено изработени и печатени информативни летоци на повеќе јазици околу штетноста и последиците, особено од законски аспект, на прекуграничниот криминал и илегалната миграција. Целта на активностите беше насочена кон проактивен пристап во интерес на рано спречување на криумчарењето мигранти и другите видови прекуграничен криминал, и информирање на граѓаните за законските санкции што произлегуваат од таквите кривични дела.