12 април 2025

Превенција на регионалниот центар за гранични работи Север

Вчера (11.04.) на граничниот премин „Јажинце“, полициските службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север реализираа превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот. Притоа преку пораките „Вози одговорно“, „Стави појас“ и „Животот е во твои раце“ во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа на важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како во интерес на личната така и во интерес на општата безбедност во сообраќајот. Исто така на возачите им беа делени и едукативни материјали со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот, во интерес на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Инаку полициските службеници од РЦ Север идентична ваква активност веќе реализираа (06.04.) и на граничниот премин „Табановце“.