12 април 2025

Превенција СВР Струмица

Вчера (11.04.) на подрачје на Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози безбедно“.

Полициските службеници на повеќе локации во градот на возачите им укажуваа за нивната обврска доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на моторно возило, со посебен акцент на тоа како истите да се движат во сообраќај кога наидуваат на пешачки премин. На возачите им беше делен и едукативен материјал обезбеден во соработка со РСБСП.