На подрачјето на СВР Штип денеска (11.04.) беа реализирани повеќе превентивни активности од различни области. Така, од страна на Отсекот за превенција на СВР Штип, заедно со полициски службеници од ПС за БПС Штип, на повеќе локации во Штип беше спроведена превентивно едукативна активност од областа на сообраќајот, а под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот”. Додека пак, од страна на полициски службеници од ПО за БПС Кочани во централното градско подрачје Кочани, како и полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во Свети Николе, исто така од областа на сообраќајот, беа реализирани превентивни активност под мотото „Не пиј кога возиш“ и под мотото – „Одговорно пред пешачки премин-секогаш погледни, намали, застани“. На граѓаните во рамки на овие активности им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП. Покрај ова, денеска и полициски службеници од ПС ОН Делчево во соработка со ЈЗУ „Гоце Делчев“ и ТППЕ Делчево во основното училиште „Св.Климент Охридски“ во Делчево, спроведоа показна вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Симулациската показна вежба беше спроведена со цел учениците да се запознаат околу начинот на однесување во одредени кризни ситуации, на пример евакуација од пожар, потоа совладување паника и безбедно евакуирање од училиштето.
Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип на патот во село Злетово, кон браната „Кнежево“, реализираа превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи” при што на граѓаните и возачите им беше укажувано да не фрлаат догорчиња од цигари и други запаливи предмети и отпад, бидејќи на тој начин освен што ја загадуваат природата, предизвикуваат и пожари, со што се нанесуваат трајни последици на шумскиот фонд. Исто така, на пазарот во село Злетово, реализирана е превентивна кампања од областа на имотниот криминалитет, под мотото „Заштити го својот дом од кражби” и „Заштити се од џебни кражби”, при што со делење летоци со едукативна содржина и преку практични примери на граѓаните им е укажано како да се заштитат од овој вид на криминалитет.