11 април 2025

Превентивна активност на СВР Тетово

 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово вчера (10.04.), во рамки на континуираните превентивни активности, одржаа работна средба во просториите на општина Желино со членовите од Локалниот совет за превенција при оваа општина, како и со директори од основните училишта, од ПО од  општа надлежност Групчин, градоначалникот на Општина Желино, како и претставници од Дирекција за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица.

 

На  работната средба беше презентирана оперативната акција „Темел“ 2025 година, како и начинот на постапување, координирање, и преземање превентивни мерки во кризни ситуации, а беше договорено во училиштата да се спроведе едукативна симулација за начинот на однесување во кризни ситуации, совладување на паника и безбедно евакуирање од објекти. Исто така, беа договорени мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните. Воедно, беа претставени можностите и формите за градење на безбедна средина за живеење на локално ниво, преку препознавање на локалните проблеми и градење локални стратегии за решавање на проблемите.