Денеска (11.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица организираа две едукативни работилници со учениците од прво до петто одделение во основните општински училишта „Кирил и Методиј“ во населените места Секирник и Иловица, струмичко, а на тема – „Безбедност во сообраќајот“.
Од страна на полициските службеници учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, со сообраќајните знаци, правилата и прописите што задолжително треба да се почитуваат. Акцент беше даден на практично едуцирање како малите пешаци правилно да се движат и да преминуваат улица, а и за тоа како треба да се движат во сообраќајот како возачи на велосипеди или тротинети.