Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во делот на сообраќајната безбедност, односно почитувањето на сообраќајните правила и прописи денеска (11.04.) во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба беше реализирана „Сообраќајна поука“ – едукативно предавање за граѓани кои, како учесници во сообраќајот, сториле сообраќаен прекршок „погрешно запирање и паркирање“. На сообраќајната поука присуствуваа 11 граѓани, а со цел да се подигне нивото на сообраќајната безбедносна култура кај граѓаните како учесници во сообраќајот.