Вести

11 април 2025

Приведен крадец од дојранско, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

На 10.04.2025 во 15.45 часот во село Црничани, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(21) од село Црничани. Тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на сопствениците. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против Г.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.