10 април 2025

Превентивни активности на СВР Куманово

Денеска (10.04.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово  во основното општинско училиште „Толи Зордумис“ во Куманово спроведоа симулативна вежба за евакуација во случај на елементарна непогода.  Воедно, денеска во  месната заедница „11 Ноември“ беше спроведена и кампања со цел на граѓаните да им укажат за измамите кои се зачестени изминатиот период. Во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници им укажуваа за начинот на кој се извршуваат измамите со наводни сообраќајни незгоди и како да се заштитат. Притоа, беше апелирано на претпазливост, особено повозрасните лица, кога непознати лица им се јавуваат и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.