10 април 2025

Превентивни активности на ОВР Свети Николе и ГП Делчево

Денеска (10.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе при ОВР Свети Николе реализираа превентивно - едукативна активност во насока на афирмација на полициското работење и позитивна улога на полицијата во општеството.

Во проектната активност беа опфатени децата од петто одделение од ОУ „Даме Груев“ во село Ерџелија и во училиштето беше одржано едукативно предавање и децата беа запознаени со начинот на функционирање на Полициската станица Свети Николе, со суштината на полициското работење, со опремата и средствата што ги користи полицијата, а воедно им беше презентиран и начинот на постапување при учество на пешаците во сообраќајот, како и работните активности на полицијата во регулирање и спроведување безбедно одвивање на сообраќајот во урбана средина.
Исто така, денеска, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, во соработка со општина Пехчево, во подрачното училиште „Ванчо Китанов“ во село Црник, пехчевско, реализираа превентивна едукативна активност на тема: „Трговија со луѓе-деца“. Преку наменска видео презентација, учениците од седмо до деветто одделение и со разговори и дискусија учениците беа запознаени со причините за појава на овој вид криминал, за ризикот од него и за начините како се одвива трговијата со деца и секако за превенција од неа.