Вчера (09.04.) на подрачје на Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Сите сме пешаци- одговорно пред пешачки премин“.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, полициските службеници ги потсетуваа пешаците, како една од најранливите и најзагрозени категории на учесници во сообраќајот, за нивните обврски и одговорности при учество во сообраќајот. Меѓу другото, ги потсетуваа дека задолжително треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци.