08 април 2025

Превентивна активност на СВР Куманово и РЦГР Север за превенција од насилство

 Денеска (08.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и од РЦ за ГР Север, односно ПС за ГН Сопот во соработка со надлежните во основното општинско училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце, за учениците од шесто до деветто одделение одржаа едукативни предавања на тема - „Врсничко насилство“. Притоа, на учениците им беа презентирани основните факти за видовите на насилство, за причините за насилно однесување, потоа околу социо-девијатниот феномен - говор на омраза, како и за мерките за навремено препознавање и спречување на ваквите појави. 

Покрај ова, на учениците, во пресрет на претстојните екскурзии, им беше укажано да се внимава на однесувањето, на штетноста од негативните поведенија кои што подразбираат нарушување на јавниот ред и мир или користење на недозволени средства како алкохол или психотропни супстанци, а им беа предочени и законските санкции. Во рамки на предавањата беше организирана и реализирана и симулациска вежба – евакуација при кризна состојба.