08 април 2025

„Стави појас“, превентивна активност на ОВР Виница

 Денеска (08.04.) на повеќе пунктови на подрачјето на ОВР Виница, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Виница беше реализирана превентивна кампања од областа на безбедноста во сообраќајот, а под мотото- „Стави појас“.

Притоа, преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ја потенцираа важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, потоа важноста на безбедносните норми како што е користењето на сигурносните појаси и за возачите и за сопатниците. Воедно, на граѓаните им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.