08 април 2025

Превентивни активности на СВР Струмица за безбеден сообраќај

Денеска (08.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа две едукативни работилници со учениците од прво до деветто одделение во основните општински училишта „Кирил и Методиј“ во населените места Турново и Радово, струмичко, а на тема „Безбедност во сообраќајот“.

Преку презентација и едукативни материјали, обезбедени во соработка со РСБСП, учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, сообраќајни знаци, правила и прописи. Акцент беше даден на практично едуцирање како малите пешаци правилно да се движат и да преминуваат улица.

Вчера пак, во Валандово, по повод одбележувањето на „Неделата на пешаците“, полициски службеници од Полициската станица Валандово реализираа превентивна активност чија цел беше подигање на свеста кај граѓаните за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Преку делење на летоци полициските службеници им укажуваа на пешаците за нивната должност да поминуваат улица само на обележан пешачки премин, да внимаваат на возилата кои наидуваат и слично, како и други обврски кои ги имаат како учесници во сообраќајот, а се со цел нивна поголема безбедност.