07 април 2025

Превентивни активности на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Денеска (07.04), по повод одбележувањето на неделата на пешаците, Отсекот за превенција при СВР Струмица реализираше четири превентивни активности од областа на сообраќајот на повеќе локации на подрачјето на Струмица.

Целта на активностите беше да им се укаже на пешаците, но и на возачите за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи. 

Воедно, преку делење на летоци на пешаците им беше укажано како правилно да се движат, да поминуваат улица само на обележан пешачки премин,  да внимаваат на возилата кои наидуваат и слично, а на возачите им беше укажано кога наидуваат на пешачки премини секогаш да возат одговорно, да ја намалат брзината или да застанат со возилото.