07 април 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (07.04.) во соработка со РСБСП, на територијата на ПСОН Аеродром, поточно пред ТЦ „Капитол“ и ТЦ „Бисер“, спроведоа превентивно едукативна активност под мотото - „Одговорно пред пешачкиот премин“ и „Секогаш погледни, намали, застани!“

Основната цел на проектот беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Во рамки на активноста, на учесниците во сообраќајот и, пред се на пешаците, им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.