Денеска (04.04.) полициски службеници од ПО за БПС Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност под мотото – „Не пиј кога возиш“. Притоа, во непосредна комуникација со возачите им беше укажувано дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и особено да не конзумираат алкохол кога возат за да не си го загрозат сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот. Беше потенцирано дека управувањето на моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и истото ќе биде санкционирано согласно Кривичниот законик или ЗБСП. На возачите им беа делени и едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП
Исто така, и во Берово денеска полициски службеници од ОВР Берово, реализираа превентивна едукативна активност под мотото - „Стави појас“.
Во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, беше укажувано на опасноста од некористење на појас, како и за санкциите по однос на овој прекршок. На возачите им беше делен и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот, во интерес на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.