Денеска (04.04.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и БПС Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во централното градско подрачје на Куманово спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“.
Целта на превентивната активност беше да им се укаже на граѓаните на важноста од почитување на предноста на минување на пешаците на пешачки премин, но и да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Воедно, им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени со РСБСП.