04 април 2025

Одржана сообраќајна поука во СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, a како дел од годишната програма за работа за 2025 година, вчера (03.04.) во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба беше реализирана сообраќајна поука. 

Сообраќајната поука на која што учествуваа 12 лица се однесуваше за пешаци коишто сториле сообраќаен прекршок „Поминување надвор од пешачки премин и на црвено светло“ а со цел зголемување на нивото на сообраќајна култура кај граѓаните како учесници во сообраќајот.