03 април 2025

„Правата на децата и нивните обврски“, превентивно- едукативен проект на Отсекот за превенција при СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со практична имплементација на превентивно-едукативен проект „Правата на децата, и нивните обврски“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со овој проект се опфатени сите ученици од осмо одделение од над 70 основни училишта на тетовското и гостиварското подрачје.

На посебни часови во училиштата, стручно обучени полициски службеници ги запознаваат учениците со детските права и обврски, во семејството, училиштата и општеството, кои произлегуваат од домашните и меѓународните договори и конвенции. Покрај тоа, основците се информираат и за тоа - што претставува малолетничка деликвенција и за други девијантни појави, асоцијални постапки, но и за можните законски импликации  доколку се инволвираат во истите.

Целта на проектот е децата да знаат кои се нивните права, но и какви можат да бидат законските последици ако иницираат или непосредно учествуваат во незаконски појави и постапки.