Денеска (03.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од ПС ОН Кавадарци, со учениците од осмо и деветто одделение во основните општински училишта „Димката Ангелов Габерот“ и „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, реализираа едукативни работилници на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тикток предизвици“.
Учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на булинг и насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми, а полициските службеници им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.
Воедно, на учениците им беше потенцирана потребата од поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, што може да им наштетат.
Целта на едукативните предавања беше да се споделат совети со учениците за тоа како да бидат побезбедни при користење на интернет просторот, но и да се подигне свеста за сериозно анализирање на содржините на кои наидуваат и целосно избегнување на опасните Тикток предизвици.