03 април 2025

Едукативна работилница на ОВР Свети Николе за справување со кризни ситуации

Денеска (03.04.) полициски службеници при ОВР Свети Николе во соработка со Општинската организација  на Црвен крст – Свети Николе и ЈЗУ  Здравен дом „Ѓорѓи Гаврилски“ - Свети Николе, реализираа едукативна работилница во просториите на СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе. 

Едукативната работилница беше наменета за учениците од трета и четврта година при ова средно училиште, кои што беа запознаени како да се однесуваат во кризни ситуации, како да се совлада паниката и безбедно да се евакуираат од објекти. Воедно беше спроведена показна симулациска вежба за брза евакуација во случај на итност и однесување во кризни ситуации, а беа посочени и дел од законските  одредби кои го санкционираат присуството на малолетници во угостителски објекти.