Денеска (03.04.) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола, како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.