Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПСОН Ѓорче Петров и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска (02.04.) во ООУ „Мирче Ацев“ реализираа трибина на тема „Превенција од зависности, злоупотреба на дроги, алкохол, обложување и интернет“.
Притоа, на интерактивен начин и со мултимедијални примери, учениците беа запознати со темата и им беше појаснето дека разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал, а тоа носи далекусежни негативни последици по зависникот, неговото семејство и поширокото општествено опкружување. Исто така, објаснети беа и начинот на превенција од зависностите, со посебен акцент на информираноста и едукацијата.
Покрај ова, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност во ЈУГД „Весели цветови“ – објект „Перуника“ – Црниче, со дечиња од предучилишна возраст на тема „Запознавање со професијата полицаец и улогата на полицијата во општеството“. Притоа, на едукативно превентивната работилница на која што присуствуваа дечиња од четири до шест годишна возраст соодветно за нивната возраст им беа појаснети основните должности и активности на полицискиот службеник, односно полицијата со фокус на оние домени на работа кои се интересни за децата – како сообраќајот, заштитата, безбедноста на луѓето и слично.